Денеска во рамките од дванаесетто коло во ПМФЛ на програмата е големото дерби. Дуел кој што не така често се гледа во мак фудбалот. На програмата е вечното дерби помеѓу екипите на Пелистер и Вардар
Се е подготвено за овој меч. Домаќините инспирирани секогаш кога Вардар пристигнува во, а гостите пак секогаш со желба да освојат бодови во Битола. Имаат тие секогап имаат посебно значење кога е во прашање Вардар.
„Нормално дека ова е посебен меч ако се гледа историјата, традицијата и се што двата клуба носат со себе. Секој играч сака да биде дел од вакво дерби, па нормално и јас. Се надевам на одлична атмосфера, на добар дуел, на се што меч со предзнак дерби носи со небе. Пелистер е квалитетен, неговата позиција на табелата не не залажува, напротив. Домаќинот е максимално мотивиран тоа го знаеме ние добро. Како што знаеме добро и за што е способен тимот на Вардар во моментов. Способен е да одигра на највисоко ниво кога е најпотребно, да покаже зошто е на самиот врв на табелата, зошто има амбиции да ја освои титулата… Ваквите дуели го носат оној „X“ фактор во себе кој што те носи и те тера да дадеш и 200% од силата. Се надеваме на поддршка секако и од нашите навивачи кои ќе пристигнат во Битола“, изјави Тодоровски.
Натпреварот меѓу Пелистер и Вардар се игра во терминот од 17:00 часот.