Серхио Рамос се
најде на удар на јавноста окако Мохамед Салах се повреди по еден дуел со него.
Фудбалерот на Реал Мадрид исто така имаше и дуел со голманот на Ливерпул, инцидент по кој голманот се здобил со потрес на мозокот и имал проблеми со видот (според тестовите кои ги направи специјалист од САД).
Капитенот на
„Кралевите“ во прв момент реши да молчи, но вчера се огласи и одговори на критиките кои
пристигнаа на негова адреса.
Шпанецот истака дека
случувањата на теренот се преувеличуваат и на шала рече: „Фали уште некој да
каже дека Фирмино добил настинка бидејќи капка од мојата пот паднала на него“.
На Бразилецот не
му се допаднаа ваквите коментари па зборувајќи на прес конференција вечерва порача:
„Преферирам да не говорам на оваа тема. Рамос со причина е шампион но тоа што
го кажа беше прилично идиотски! Сепак се е ок“