Алајбеговиќ со спектакуларниот гол против Катар урна рекорд на Килијан Мбапе (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Босна и Херцеговина се пласираше во нокаут-фазата на Светското првенство, откако во Сиетл го совлада Катар со 3-1, a eден од хероите беше младиот Керим Алајбеговиќ.

Фудбалерот од средниот ред со спектакуларен погодок им донесе водство на Босанците во 29-тата минута и така го отвори патот кон победата на својата селекција. Тинејџерот од редовите на Салцзбург голот го постигна со само 18 години и 276 дена со што урна и мундијалски рекорд.

Имено, тој стана најмладиот фудбалер кој досега на едно Светско првенство постигнал гол надвор од шеснаесетникот, овој рекорд се до вчера беше во сопственост на Килијан Мбапе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×