219
Вакцинирањето против ковид-19 веќе почна во Италија, а Дал Пино смета дека од тоа ќе има бенифит Серија А доколку владата ги прифати нивните предлози.
„Мислам дека треба да ги пуштиме вакцинираните луѓе да одат на стадионите“, вели Дал Пино.
„На владата и презентиравме план од 300 страници за тоа како безбедно да ги вратиме фановите на стадионите со редуцииран капацитет од 20-30 проценти но не добивме одговор. Ниту телефонски повик. Па се надевам дека барем оние кои се вакцинирани ќе можат да одат на стадионите“.
Се шпекулира дека во Италија ќе биде донесена одлука сите спортисти да се вакцинираат со цел да нема веќе карантини.