Тиаго Силва: Не би можел да му кажам „не“ на Милан!

by
1 минути читање

33-годишниот бразилски дефанзивец имаше преку 100 настапи за Милан помеѓу 2009 и 2012 година, го освои и Скудетото со Росонерите, но клубот имаше потреба од пари па беше продаден во ПСЖ за 42 милиони евра.

„Милан ми е во срцето и секогаш ќе биде таму, како би можел да им кажам „не“ на нив?“, изјави Тиаго Силва за „Газета дело Спорт“.

„Никогаш не е лесно да зборуваш за иднината, но никогаш не можеш да кажеш никогаш во фудбалот. Се е возможно. Враќањето таму би било и крај на кариерата, тоа би било прекрасно“.

„Гатузо? Тој е перфектен човек за овој момент во Милан. Јас сум голем фан на Милан и го следам со голем интерес. На италијанскиот и европскиот фудбал потребен му е вистински Милан“.

„Патот изгледа долг за жал, но овие проблеми се неминовни кога се случуваат големи промени. Никогаш не е лесно за фудбалерите, новите директори и пред се тренерот. Рино прави одлична работа и може да додаде вистинска вредност во клубот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани