Тестирањата во Премиерлигата не се 100% релевантни

by
1 минути читање

Компанијата која
го врши надзорот на тестирањето за коронавирус во Премиерлигата донесе
дополнителна загриженост откако потврди дека нивните резултати не се 100% релевантни.

„Пренетикс“,
компанијата која се бави со биотехнологија, инаку базирана во Хонг-Конг, ќе
реализира 800 тестирања, на два пати во една седмица како дел од т.н. „Проект
Рестарт“ со кој се предвидува реализација на планот за рестарт на сезоната во
Премиерлигата.

Во случајов каде
е предвидено два пати тестирање во една седмица, точноста може да биде
подобрена во голема мера
“ вели извршниот директор на компанијата, Ави Ласаров,
а тој не крие дека тестовите се близу 98.8 % рамномерни во линија со надлежните
здравствени институции на Островот, тоа значи дека на секои 800 тестови, во
просек околу 10 би можеле да бидат лажно негативни, или позитивни.

Од самото
тестирање на здравствените власти, нашиот конзорциум, како и нашите партнери ги
реализираа истите тестирања на пациенти и здравствени работници низ болниците

додава тој.

Лабораторискиот
елемент на програмата за тестирање беше под надзор на здравствените власти,
здравствени работници кои имаат години искуство во вирологија, како и третман
на пациенти по таа насока, со тоа јас сметам дека треба да имаме доверба во
овој систем
“ заклучи Ласаров.

Се верува дека
можноста да еден фудбалер или член на стручниот штаб на некоја екипа да донесе
две лажни тестирања, позитивни или негативни изнесува 11% на неделна основа, за
секоја седмица.

Веројатно проблем
за Островјаните, за што пишува и „Дејли Мејл“ е воедно фактот што резултатите
од тестирањата се реализираат и до 48 часа, што отвора мала можност за
инфицираните фудбалери или стручен штаб да го пренесат вирусот, а незнаејќи
дека се заболени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×