Тешко се преговара со Марина, одбиена понудата на Реал за Азар!

by
1 минути читање

Еден Азар по
последниот свиреж во Баку кажа дека неговата авантура во Челси е завршена, на
сите им е јасно дека играчот треба да направи трансфер во Реал Мадрид, но тешко
се преговара со Марина Грановскаја.

Како што
пренесува АС, бесуспешен бил синоќешниот обид на „кралевите“ да го комплетираат
трансферот на играчот и покрај тоа што биле прилично убедени во намерата.

Па плановите ќе
бидат променети, Еден Азар нема утре да пристигне во Мадрид, ниту пак неговата
презентација ќе се одржи во понеделник. Веројатно ќе бидат потребни неколку
недели за двата клуба да си подадат рака.

Весникот додава
дека тешко се преговара со Марина Грановскаја, десната рака на Роман Абрамович,
и Еден Азар и луѓето кои се грижат за неговата кариера биле свесни дека ќе има
отпор од директорката, која се обидува да го обезбеди најдобриот можен договор
за Челси и да исцеди што е можно повеќе милиони од Флорентино Перез.

Во меѓувреме,
Телеграф пренесе дека Реал Мадрид е подготвен да понуди 106 милиони фунти (околу
120 милиони евра) за услугите на Еден Азар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани