Тери открива: Го искористив интересот на Сити за да добијам подобар договор од Челси

by
1 минути читање

Во 2009 на адреса
на Челси пристигна понуда за услугите на Џон Тери од Манчестер Сити вредна околу 29 милиони фунти.

„Граѓаните“, потпомогнати
од новите сопственици и милионите на шеикот од Катар, тогаш се обидуваа да
креират тим кој ќе атакува на врвот и беа спремни да го направат Англичанецот
играчот со најголема плата во Премиерлигата.

Зделката никогаш
не се реализираше, а Џон Тери сега открива дека интересот го искористил за нов
побогат договор од Роман Абрамович и покрај тоа што немал намера да замине од
Стемфорд Бриџ.

„Никогаш сериозно
не помислив да заминам
– вели капитенот на Челси.

„Тогаш се сретнав
со Роман и му кажав дека сакам да останам
.

„Манчестер Сити
достави понуда, па тоа ми овозможи да седнам на маса со Челси и да побарам нов
договор
.

Тактиката на Џон
Тери му успеала, кратко потоа играчот доби нов договор и неделна плата од
150.000 фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани