Тер Штеген во Барселона до 2025. година?

by
1 минути читање

Првиот чувар на
мрежата од голот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген е пред потпис на нов
договор со клубот со кој ќе се обврзе на верност со истиот до 2025. година,
известува „Мундо Депортиво“.

Се верува дека 28
годишниот германски голман ќе се согласи на пониска плата од сегашната во
актуелниот договор кој му истекува во 2022. година, а со тоа почнува едно „реновирање“
во клубот.

Медиумите
пишуваат дека тренерот на голманите во составот на Каталонците, Хозе Рамон де
ла Фуенте е клучна фигура во интенциите на клубот да го реши статусот на својот
голман на подолг рок, тие обајцата имаат одличен однос кој ќе придонесе за
финално решение по ова прашање.

Последен пат Тер
Штеген стави потпис на нов договор со Барселона во 2017. година, а иако имаше
можност за нов договор изминатиов период, преговорите за момент добија застој
поради предизвиканата финансиска криза од пандемијата со Ковид-19 од која
посебно настрада Барселона од финансиски аспект.

Како и да е, се
верува дека Каталонците ќе ги реактивираат преговорите со својот прв голман во
обид да се гарантира неговата посветеност кон клубот за подолг рок, а со тоа да
се избегнат било какви шпекулации за можно заминување на Германецот од клубот,
откако претходно Тер Штеген се најде на листата на желби кај Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани