Тепачка и во Арсенал, Давид Луиз му го раскрварил носот на Дани Себаљос

by
0 минути читање

По тепачката во соблекувалната на Колумбија, денеска медиумите јавуваат и за уште една физичка пресметка, според „Атлетик“, Давид Луиз и Себаљос се степале по еден старт на Шпанецот врз Бразилецот на тренинг.

По стартот двајцата влегле во расправија која прераснала во тепачка, Давид Луиз му удрил бокс на Себаљос и му го раскриварил носот. 

Микел Артета го гасел пожарот, ги помирувал двајцата фудбалери во соблекувалната.

Сепак, брзо откако излезе оваа информација, Себаљос преку својот твитер профил напиша дека ова е лажна вест.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×