Тепачка по дербито во Ливерпул: Се „грабнаа“ Џонс и Дукуре, реагираше и полицијата (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалското дерби на градот Ливерпул меѓу истоимениот тим и Еверон заврши со нерешени 2-2. Средбата на „Гудисон Парк“ ја доведе до егал Тарковски кој во 98. минута погоди за израмнување.

Тоа донесе радост за „карамелите“, а по последниот свиреж провокација имаше од Дукуре кој тргна да слави пред делот од трибините каде што се навивачите на Ливерпул. Тоа не му се допадна на Куртис Џонс кој тргна кон противникот и тие влегоа во клинч.

Епилогот беше црвени картони за двајцата, како и за тренерот на Ливерпул, Арне Слот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани