Тео повторно херој, Милан во 92. минута го совлада Лацио и ќе ја заврши годината на прво место! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тео Ернандез повторно
е херој на Милан, левиот бек погоди во последните мигови од мечот и донесе
победа над Лацио со која „росонерите“ го задржаа првото место на табелата и ќе
ја завршат годината како лидери во Серија А.

Избраниците на
Пиоли одлично го отворија мечот, поведоа со голот на Ребиќ по десет минути
игра, а Чалханоглу од пенал зголеми на 2-0 во 17. минута.

Лацио се врати во
игра во 28. минута, Имобиле промаши од белата точка но Луис Алберто ја смести
топката во мрежата за 2-1.

Имобиле се искупи
по еден час игра кога реализираше за 2-2, резултат кој значеше дека Интер ќе
биде лидер. Сепак, Милан не се предаде и по еден корнер во 92. минута, Тео
Ернандез донесе три бода и огромна радост. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×