Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Тео Ернандез го чека парична казна по црвениот картон против Феенорд, а новата глупост на левиот бек веројатно и ќе го забрза неговото заминување од Сан Сиро.
Милан синоќа беше елиминиран во Лигата на шампионите и остана без неколку десетици милиони евра, еден од главните виновници за неуспехот е Тео Ернандез.
Левиот бек на стартот од второто полувреме имаше непромислен потег, реши да одглуми пенал, па доби втор жолт картон и беше исклучен. Феенорд со фудбалер помалку постигна гол за 1-1 и благодарејќи на победата од првиот натпревар, обезбеди осмина финале.
Па Тео Ернандез утрово е на удар на спортската јавност во Италија, а како што пишува „Газета дело Спорт“, Французинот го чека парична казна.
Но тоа не е се, новата глупост на левиот бек веројатно и ќе го забрза неговото заминување од Сан Сиро. Преговорите за нов договор не го бележат саканиот прогрес, па со оглед на тоа дека актуелната соработка е до 2026 година, големи се шансите Тео Ернандез да биде продаден по крајот на сезоната.
Но, главно прашање е колку Милан ќе може „да извади“ од една ваква зделка. Монца во јануари повлече шокатен потег и понуди дури 50 милиони евра, но тешко за очекување е дека летоска ќе пристигнат вакви понуди.
Се шпекулира дека „росонерите“ ќе мора да ги намалат очекувањата и да се помират со трансфер вреден помеѓу 40-45 милиони евра.