Таткото на Маркизио открива: Милан му понуди двојно поголема плата, но неговата љубов кон Јувентус…

by
1 минути читање

Клаудио Маркизио е
легенда на Јувентус,
клуб во чии редови мина десет години, а иако
сакаше кариерата да ја заврши во италијанскиот гигант, за што сведочи и
изјавата на неговиот татко Стефано, на крајот продолжи во Зенит од Русија.

За 32 годишниот
фудбалер постоеле многу опции во текот на неговата кариера, неговиот татко
истакна дека понуда постоела и од Милан, и тоа со двојно повисока плата од онаа
која тој ја заработувал во дресот на Старата дама.

Пред три години
Клаудио можеше да си замине било каде, а да заработува многу повеќе, во 2017.
година тој го одби Милан, клуб кој му понуди двојно поголема плата, но тој беше
одлучен во намерата да ја заврши кариерата во Јувентус, клубот кој го сака

открива Стефано.

Работите во
фудбалот се менуваат, јас го разбирам Јувентус, постои носталгија за Клаудио,
доколку тој останеше во Јувентус тој веројатно би бил најсреќниот човек на
земјата
“ додаде неговиот татко кој истакна дека Клаудио е среќен во Зенит кого
го оцени како амбициозен клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани