Таткото на Донарума: Еве зошто Џиџо го одбра Милан

by
2 минути читање

Тинејџерот е во
центарот на вниманието откако во 2015 дебитираше во дресот на Милан со само 16
години.

Џанлуиџи Донарума
се најавува како следната голема ѕвезда, огромен број на клубови посакуваат да
го купат, но Милан не сака да слушне за продажба.

Италијанецот утре
полни 18 години и „Росонерите“ ќе можат да му понудат нов долгогодишен договор.

Во разговор со Ла
Стампа, неговиот татко Алфонсо открива зошто Џиџо го одбрал токму Милан.

„Кога Џанлуиџи
имаше 13-14 години, заинтересирани за него беа Наполи, Интер, Јувентус и Милан
– вели Алфонсо.

„Тој го одбра
Милан за да биде заедно со неговиот брат Антонио, кој тогаш беше дел од
младинскиот сектор. Исто така, како дете Милан му беше омилен клуб
.

„И јас сум голем
фан на Милан, првата кола ја имав обено во „црвено-црна“ боја, па не можев да
бидам посреќен што мојот син го одбра токму Милан
.

Запрашан за
дебито на неговиот син со „Росонерите“, Алфонсо додава: „Таа сабота добивме
неочекуван повик. Ни се јави Џиџо и ни рече „Тато, мамо, ќе дојдете ли да ме
гледате на утрешниот натпревар?“ Мислев дека се шегува со нас
.

„Со 16 години во
Серија А против Сасуоло! Јас бев среќен и имав
солзи во очите. Тоа беше незаборавен момент
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани