Пол Погба е една
од желбите на Зинедин Зидан за засилување на тимот, но Манчестер јунајтед не
планира лесно да се откаже од Французинот. Намерата е да го задржат фудбалерот
од средниот ред, но доколку тој реши да замине, тогаш ќе бараат најмалку 150
милиони евра.
Оваа сума Реал
Мадрид не планира да ја плати, но „кралевите“ се подготвени да вметнат неколку
играчи. Тајмс пишува дека прв е Герет Бејл, Велшанецот не е дел од плановите на
Зизу и на овој начин тие ем ќе се ослободат од играчот ем ќе бидат поблиску до
ангажман на Пол Погба.
Сепак, Герет Бејл се проценува на околу 80 милиони евра, речиси двојно помалку
од она што „ѓаволите“ го бараат. Па затоа и Хамес Родригез ќе биде ставен во
понудата исто како и Кејлор Навас.
Останува да се
види дали една ваква комплицирана зделка ќе може да биде изведена и дали понудените играчи се вклопуваат во плановите на Оле Гунар Солскјер за иднината.