Тадиќ го однесе Ајакс во осминафинале, Плзен ги насмеа Реал Мадрид и Рома (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Ајакс со големи три бода се враќа од Атина откако со 2-0 го победи АЕК и обезбеди елиминациона фаза во Лигата на шампионите.

Клучниот момент веројатно се случи во 67. Минута кога Ливаја доби втор жолт картон, играше со рака и направи пенал кој го реализираше Тадиќ за водство од 1-0.

Само четири минути подоцна Тадиќ ги постави и конечните 2-0 го однесе својот тим во осминафинале а го остави АЕК без бодови во Лигата на шампионите.

Во Е групата нема дилеми, Ајакс оди понатаму во ЛШ, на Баерн му треба уште само бод за заверка на пласманот во елиминациите, а Бенфика ќе продолжи во Лига Европа.

ЦСКА Москва уште во 10. минута преку Васиќ од пенал поведе со 1-0 против Викторија Плзен, а гостите пред самиот крај на првиот дел промашија пенал.

Но во второто полувреме со голови на Прочаска и Хејда направија голем пресврт кој ги израдува Рома и Реал Мадрид.

Победата на Плзен значи обезбедување на осминафинале на Рома и Реал Мадрид пред да почне нивниот меѓусебен дуел вечерва.

Плзен и ЦСКА Москва со по четири бода ќе се борат за третата позиција, но чешкиот тим е во предност поради меѓусебниот дуел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани