Тадиќ го одигра мечот на кариерата, но тоа не беше случајност

by
1 минути читање

Тадиќ имаше две асистенции и еден прекрасен гол, неколку фантастични потези и додавања кои неговите соиграчи не ги искористија. Србинот беше вистински плејмејкер во тимот.

А пред само една година во дресот на Саутемптон се бореше за опстанок во Премиерлигата. Ајакс го купи за само десетина милиони фунти и доби многу.

Неговата вчерашна партија која според многумина беше меч на кариерата кога во предвид ќе се земе неговиот учинок и тежината на теренот и противникот, не е случајна.

Тадиќ не блескаше само вчера, тој цела сезона игра фантастично. Во 39 натпревари за Ајакс оваа сезона во сите натпреварувања, има постигнато 25 голови и 13 асистенции. Како за споредба, на 35 меча оваа сезона за Јувентус, Кристијано Роналдо има 21 гол и 12 асистенции.

Статистиката во Лигата на шампионите вели дека Душан Тадиќ станал вториот играч во историјата на Ајакс кој постигнал најмалку шест голови во една сезона во елитното натпреварување, првиот е Јари Литманен во 1994/95 и 1995/96.

Душан Тадиќ оваа сезона во Лигата на шампионите директно е инволвиран во девет голови за Ајакс од осум одиграни натпревари. Пет голови и четири асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани