Судијата објасни зошто му дал црвен картон на Балотели

by
2 минути читање

Контроверзниот
Италијанец одново е во центарот на вниманието откако вчера доби нов црвен
картон, и во прв момент не беше јасно зошто судијата го испрати Марио Балотели во
соблекувалната.

Во разговор со
Лекип, судијата Тони Шапрон објасни зошто го исклучил напаѓачот на Ница.

„Ме навреди на
англиски
– вели Шапрон.
„Нема да кажам што точно беше, но беше една класична навреда
.

Голманот на Ница,
Јоан Каринал сепак не се сложува со ваквата констатација на арбитарот.

„Балотели не кажа
ништо посебно
– вели Кардинал.
„Не можеме да го обвиниме“.

И додека
репутацијата на лошо момче која ја има „Супер Марио“ веројатно влијаела на
одлукат ана судијата, тренерот Лусијан Фавре одбива да му прогледа низ прсти на
својот играч.

„Дали тој е жртва
на сопствената репутација? Мислите дека судијата покажа црвен картон бидејќи се
работи за Марио Балотели? Тоа е смешно
– вели тренерот на Ница.

„Доколку имало
доволно елементи за црвен картон, судијата ќе го исклучи играчот, доколку
немало, нема да го икслучи
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани