Судиите повторно „не видоа“ пенал против Реал, „кралевите“ славеа против Гранада (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во пресрет на денешниот
натпревар имаше голема дебата за тоа дека Реал добива помош од судиите откако
не беше досуден чист пенал на дуелот против Еибар со кој домаќините ќе имаа
прилика да изедначат.

Дебатата сигурно
ќе продолжи и во следниот период откако вечерва судиите повторно „не видоа„
пенал против „кралевите“.

На крајот од
првиот дел, при резултат 0-0, Касемирo го собори Ерера во шеснаесетникот, но
ниту судијата се огласи, ниту пак го поправија од ВАР собата.

Во продолжението
од мечот, токму Касемиро донесе 1-0 откако скокна највиско по една нафрлање на
Асенсио. Во последните мигови од натпреварот, Бензема прецизно биеше од врвот
на шеснасетникот за 2-0 и нови три бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×