Судбината на Ливерпул во рацете на поранешните тренери на „црвените“

by
1 минути читање

До крајот на сезоната во Премиерлигата остануваат уште две кола, Манчестер Сити има еден бод повеќе Ливерпул и ако ги добие последните два меча ќе ја одбрани титулата.

Судбината сака работите за Ливерпул да зависат и изданијата на нивите поранешни тренери, Брендан Роџерс и Рафаел Бенитез.

Манчестер Сити во понеделник го пречекува Лестер кој го води Брендан Роџерс. Доколку тој успее да остане непоразен на Етихад може да му помогне на Ливерпул да ја освои толку посакуваната титула.

Ливерпул утре (сабота) му гостува на Њукасл кој го води Рафа Бенитез. За разлика од Брендан Роџерс, фановите на Ливерпул ќе посакаат нивниот поранешен миленик Бенитез да биде неуспешен на Сент Џејмс Парк и да го загуби мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани