Суарез отворено за третманот од Барса: Тие денови ми беа тешки, плачев…

by
1 минути читање

Луис Суарез тврди
дека не можел да се воздржи да нема солзи на своите очи поради третманот кој го
добил на крајот во Барселона, во финалните седмици минати во тој клуб, што
вклучува и немање дозвола да биде дел од тренинг-натпреварите.

Уругваецот се
приклучи на ривалот Атлетико Мадрид откако стана и повеќе од извесно дека за
него дефинитивно нема место во плановите на новиот тренер на Каталонците,
Роналд Куман, а тој и самиот вели дека кога добил прилика да се приклучи на „Јорганџиите“,
одлуката ја донел без никакво размислување.

Тие денови
навистина ми беа тешки, плачев поради тоа што требаше да го сторам, не ја
примив добро пораката од клубот за тоа дека планираат решение околу мојот
статус на таков начин, бев повреден од начинот на кој тие го решија сево ова, бидејќи еден
мора да прифати и се согласи на тоа дека доаѓа крајот на една авантура во
животот
“ вели Суарез.

Не баш сите
знаат што точно се случи, меѓутоа најлошото од сето тоа беше одењето на
тренинг, меѓутоа во посебна група, одвоен од останатите, не ми беше дозволено
да бидам дел од контролните средби, мојата сопруга можеше лично да се увери за
тоа колку не бев среќен тој период, постојано посакуваше да ја види повторно
насмевката на моето лице, а кога добив прилика да се приклучам на Атлетико
Мадрид, тоа го сторив без никакво размислување
“ додаде искусниот уругвајски
напаѓач.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани