Со два гола на Суарез, Барселона два пати водеше против Селта, но на крајот не успеа да стигне до победата. Уругваецот вината ја префрли на тренерот.
„Чувството е негативно, загубивме два бода кои се повеќе од важни. Доколку сакаме да ја продолжиме битката за титулата треба да ги победиме сите натпревари и да чекаме Реал Мадрид да загуби бодови. Чувството е фрустрирачко“, вели Суарез.
„Има работи кои треба да ги работат тренерите, да анализираат вакви ситуации. Ние даваме се од себе и имаме чувство дека на гостински терен губиме многу важни бодови, тоа не се случувало минатите сезони“.
Кике Сетиен тешко дека ќе продолжи да биде тренер на Барселона и по крајот на оваа сезона, главните играчи како Меси и Суарез немаат добро мислење за него, а тоа веројатно ќе биде пресудно на крајот.