Еден од најпознатите фудбалери на Швајцарија, нема да игра против Македонија поради селекторот!

by riste
1 минути читање

Фудбалерот на Лидс, Ноа Окафор, реши да не игра за Швајцарија додека селектор е Мурат Јакин, вели дека имал проблеми со него.

Окафор беше дел од составот на Швајцарија на Светското првенство, но веќе нема да игра за оваа репрезентација, не е среќен од начинот на кој бил третиран.

„Мојата одлука нема никаква врска со минутажата. Се случија работи кои длабоко ме повредија. Довербата е нарушена, а некои ветувања не беа исполнети“, рече Окафор.

Тој истакна дека долго време верувал дека ситуацијата ќе се промени, имал позитивен разговор со Јакин пред Мундијалот, но ништо од ветеното не било сторено. Окафор бил разочаран од начинот на однесување кон него за време на Светското првенство и решил да се повлече од националниот тим додека Јакин е селектор.

Тоа значи дека тој нема да биде дел од Швајцарија на престојните натпревари против Македонија од Лигата на нации.

Македонија на 26. септември ја пречекува Швајцарија во Скопје, а на 6. октомври ѝ гостуваме на оваа селекција. Меѓу овие два меча играме со Словенија на гости и со Шкотска на домашен терен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×