Суарез 2.000+ минути нема гол во гости во ЛШ, Гладбах го декласираше Шахтар (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Продолжува лошата
форма на Луис Суарез во Лигата на шампиони, особено на гости. Последен пат гол
на гости постигна во 2015 година. Вечерва против Локомотив Москва, имаше
неколку добри прилики кои не ги реализираше, а како ја затресе мрежата, ВАР го
поништи погодокот поради офсајд.

Атлетико Мадрид
поведе во 18. минута со голот на Хименез, дефанзивецот одлично се уфрли и со
глава погоди на поблиската статива за 0-1.

Сепак, водството
кратко траеше, Миранчук од пенал во 25. минута изедначи на 1-1.

На вториот
денешен натпревар од 18:55 часот, Борусија Менхенгладбах го декласираше Шахтар
и со убедливи 0-6 триумфираше во Украина.

Плеа го отвори
резултатот во 8. минута, десет минути подоцна Бондар си постигна автогол за 0-2
за Плеа во 26. минута од работ на шеснаесетникот да бие неодбранливо под
пречката за 0-3. Во последните мигови од првиот дел, Бенсебаини се снајде
најдобро по еден корнер и реализираше за 0-4
.

Во продолжението
од мечот, Штиндл зголеми на 0-5, а Плеа во 78. минута комплетираше хет-трик и ги
постави конечните 0-6.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани