752
Струга Трим Љум го засили тимот со младо ново име за втората полусезона во ПМФЛ.
Шампионот се пофали со потписот со Веби Ислами, кој пристигна од редовите на Шкендија. Овој тинејџер настапуваше во младинските екипи и ќе биде дел од ротацијата на стружани во пролетниот дел од сезоната.
Ислами ќе биде дел од првиот тим на Струга и веќе е регистриран, а во него гледаат голем потенцијал. Шампионот има тешка мисија да го одбрани тронот оваа сезона.