Столе првпат се врати во Ваљекас и доби овации од сите! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот голман Столе Димитриевски првпат по заминувањето се врати на гости кај Рајо Ваљекано по заминувањето и потписот со Валенсија.

Кумановецот беше на клупата и го проследи ремито (1-1), но пред стартот на средбата се случи интересна ситуација. Димитриевски беше поздравен со овации од страна на сите присутни. На Столе му аплаудираа буквално сите, од поранешни соиграчи и стручен штаб, до публиката на трибините.

Тој им возврати со аплаузи и благодарност, а со поранешните колеги срдечно се поздрави. Димитриевски го бранеше голот на Рајо најдолго, бидејќи беше негов член од 2018 до 2024 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани