70
Се очекуваат големи промени на Камп Ноу откако Жоан Лапорта победи на претседателските избори, медиумите веќе шпекулираат со имињата кои треба да пристигнат.
Се очекува неколку фудбалери да бидат ставени на продажба а Христо Стоичков верува дека еден од нив треба да биде Антоан Гризман.
„Кога Гризман е на теренот, Барселона игра со играч помалку. Доколку Барса сака да направи нешто на долг рок, мора да го продаде. Подобро е Тринкао или Брајтвајт да бидат во тимот, не знам што прави Гризман таму?“ – вели поранешниот фудбалер на „каталонците“.
Антоан Гризман беше купен за 120 милиони евра од Атлетико Мадрид во 2019, но Французинот прикажува премалку.