Што значи „Кирикочо“ провокацијата од Севиља за Халанд за која Норвежанецот рече дека немал поим што е

by
1 минути читање

На почетокот од второто полувреме помеѓу Дортмунд и Севиља, Халанд влезе во конфротација со Боно.

Напаѓачот на домаќините изведе пенал, голманот на гостите го одбрани, а спречи и Норвежанецот да ја смести во мрежата и одбиената топка.

Боно покажа многу емоции, почна да се радува и да му каже нешто во лице на Халанд. Сепак, на сцена стапи ВАР, нареди одново да се изведе најстроата казна, голгетерот овој пат беше сигурен па на ист начин му врати на Боно, со викање во лице.

По крајот на натпреварот, Ерлинг Халанд рече дека немал поим што зборувал, само ги повторувал зборовите кои ги кажал Боно.

Со оглед на тоа дека нема публика, се слуша што се зборува долу на теренот, и јасно се разбира дека беше употребен зборот „Кирикочо“.

„Кирикочо“ не е термин, туку е прекар на навивач на Естудиантес де ла Плата. Легендата вели дека тој носел малер и секогаш кога тој ќе се појавел на тренинг, нешто лошо се случувало, обично повреди на играчите.

Приказната дошла до тогашниот тренер на Естудинатес, Карлос Салвадор Билардо, кој решил да го користи „Кирикочо“ за да им прави баксуз на противниците.

„Кирикочо“ ги пречеувал гостинските тимови, се поздравувал и им правел малер. Естудиантес таа година станува шампион и се раѓа легендата за „Кирикочо“.

Неодамна, поранешниот шпански репрезентативец, Хуан Капдевиља откри дека во очај викал „Кирикочо“ кога Робен излезе сам пред Касиљас во финалето на Светското првенство во 2010. Холанѓанецот тогаш промаши зицер а Шпанија се радуваше на титулата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани