Што ти прави трансфер во Манчестер јунајтед, новото засилување на „ѓаволите“ сега има 16 пати поголема плата

by
1 минути читање

21 годишниот
Даниел Џејмс е прво засилување за Оле Гунар Солскјер но и за новата сезона.
Младиот Велшанец пристигнува на Олд Трафорд од Свонси за 15 милиони фунти, плус
додатни 3 милиони во бонуси.

Офанзивниот
фудбалер не само што ќе добие прилика да заигра за најтрофејниот клуб на
„островото“ и еден од најголемите во светот на фудбалот, ќе има и убава
финансиска корист од трансферот.

Како што
пренесуваат медиумите од Англија, Даниел Џејмс обезбедил 16 пати поголема
плата. Во Свонси тој заработувал само 4.000 фунти неделно, додека пак на Олд
Трафорд сега ќе има примања од 67.000 фунти неделно.

Годишната плата
од Свонси, во Манчестер јунајтед сега ќе ја заработи за три недели.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани