Сигурно дека победата
на Тотнем кај Манчестер јунајтед со неверојатни 1-6 долго ќе се памети, иако во
дербито на четвртото коло од Премиерлигата токму домаќинот беше тој што прв
поведе, меѓутоа потоа следеше невидена канонада на голот на „Црвените ѓаволи“.
Англиските
медиуми обрнаа посебно внимание во голот на Сон за пресврт од 1-2 уште во
седмата минута од мечот, а прстот го вперија кон Лук Шо, кој иако имаше други
инструкции од својот соиграч, голманот Давид Де Хеа, реагираше толку лошо што
остави голем простор за Сон да профитира од таа ситуација.
„Лук, не Лук, не Лук, трчај! Што ти е проблемот, еј?“ гласи конверзацијата во која Де Хеа имаше
одличен преглед на играта и брзо забележа дека Шо прави голема грешка што
излегува од зоната каде Сон веќе се уфрлаше сам.
class="twitter-tweet">
Дека одбраната на
Манчестер јунајтед не функционира, доволно говори и следниот приказ по мечот,
каде јасно се гледа и лошата поставеност на капитенот Хари Мегваер, на што може
да се забележи и реакцијата на Де Хеа за опасноста која доаѓа од Кејн и Сон во
оваа ситуација.
class="twitter-tweet">