Англиско финале во Лигата на шампионите, Тотнем со фантастично второ полувреме го победи Ајакс, Лукас Мура ја замолкна Амстердам Арената со гол во последните моменти од натпреварот.
Натпреварот имаше одлично отварање, уште во петтата минута Де Лихт погоди со глава за водство на Ајакс од 1-0.
Тотнем се обидуваше да го изедначи резултатот но во 35. минута Ајакс преку Зијеш го зголеми водството на 2-0.
Во второто полувреме Ајакс како веќе да почна со славјето за победата, па Лукас Мура за само четири минути успеа да постигне два гола и да го изедначи резултатот на 2-2.
На Тотнем му беше потребен само уште еден гол долго време се мачеа да дојдат до него, се чинеше дека нема да успеат кога Лукас Мура постигна уште еден гол гол, овој пат во последната секунда за голема, огромна радост на англискиот тим.
Тотнем против Ливерпул ќе игра во финалето во Мадрид, по првите натпревари кој ќе речеше дека англиските тимови ќе се борат за пехарот, спектакуларни реванши.