Во последните мигови од мечот во Амстердам, по голот на Асенсио за водство од 1-2, Серхио Рамос побара дозвола од клупата да направи жолт и да добие суспензија за реваншот со Ајакс, но без картон да биде за четвртфиналето, кое тогаш му изгледаше готова работа.
Не само што УЕФА го казни со два меча, неговиот потег сега изгледа глупав откако Ајакс приреди сензација и на Бернабеу триумфираше со 1-4.
И додека на социјалните мрежи има еден куп шеги на адреса на Шпанецот, тој сигурно ќе биде „тролан“ поради она што го правеше вечерва.
Серхиo Рамос мечот го следеше од неговата специјална ложа на Бернабеу каде се испишани неговите инцијали и бројот: СР4. И додека неговот Реал губеше, тој снимаше документарец за Амазон.
Тајмингот е многу лош ако во превид се земе тоа дека во рок од седум дена, Реал Мадрид три пати губи на својот стадион и е исфрлен од битката за три трофеи, со што практично сезоната веќе е завршена.