380
Рамос доби намерен жолт картон против Ајакс со цел да го пропушти реваншот во Мадрид и да биде без картони во четвртфиналните дуели.
И тоа ќе останеше незабележано ако дефанзивецот по мечот не признаеше дека намерно добил жолт картон.
„Нема да ве лажам. Ќе биде лага ако речам дека не го добив картонот намерно. Не го потценувам противникот и не мислам дека осминафиналето е завршена работа, но во фудбалот треба да носите и комплицирани одлуки“, изјави тогаш Рамос.
УЕФА денеска покрена постапка против него, казната ќе биде изречена во четврток, а се очекува Рамос да добие најмалку уште еден дополнителен натпревар суспензија и ќе го пропушти најмалку првиот четвртфинален меч.