Што ќе промени новиот формат на натпреварување во Лигата на шампионите

by
2 минути читање

Реформите во
Лигата на шампионите се речиси подготвени за тоа што претстои, односно за
форматот на ова европско клупско натпреварување кое по 2024 година се чини дека
е подготвено за промена на бројот на натпреварувачки екипи од 32 на 36.

„Кориере дело Спорт“
пишуваше за новиот формат кој ќе понуди повеќе возбудувања, односно повеќе
натпревари во Лигата на шампионите помеѓу европските гиганти, а последното
нешто што треба да се реши е четирите дополнителни места во ова натпреварување.

За да се победи
во актуелниот формат на Лигата на шампионите, ќе бидат потребни 13 натпревари,
шест во групната фаза, како и по два меча почнувајќи од осминафиналето до
полуфиналето, дополнително и големото финале на неутрален терен.

Во иднина, пишува
весникот, бројката ќе порасне на 17 натпревари, а сите екипи ќе имаат по десет
натпревари предвидени на програмата во првата фаза од ова натпреварување.

УЕФА ќе има
можност и за поголема заработка секако, со самиот факт што повеќе натпревари се
во игра за ТВ правата, меѓутоа, „Атлетик“ надоврзувајќи се на оваа тема, пишува
дека преостанува само да се утврди каква ќе биде ситуацијата со дополнителните
четири екипи.

Медиумот додава дека
сето тоа би можело да биде базирано на историските постигнувања на клубовите,
како и претходните успешни клубови кои одново би можеле да се најдат во
натпреварувањето дури и да имале
лоша сезона зад себе.

Меѓутоа, тие
четири места исто така би можеле да им бидат доделени на одредени првенства, со
тоа што од Франција силно притискаат да имаат една екипа дополнително во ова
натпреварување, а од Премиерлигата и Примера очајно посакуваат да придодадат
уште еден претставник од досегашните четири.

„Кориере дело
Спорт“ известува дека 36 екипи ќе бидат вметнати во една група, поделени во
четири категории базирано според рејтингот на УЕФА, а секој тим ќе игра по пет
меча дома, односно пет на гости, односно во вид на реванши како што е и во
моментов, а останатите осум ќе бидат поделени еднакво помеѓу останатите
категории.

На крајот од
првата фаза, првите осум ќе земат директно учество во нокаут фазата, додека
пак, останатите тимови почнувајќи од деветтото до 24 место ќе играат плејоф за
да се комплетира бројката предвидена за останатите осум тимови кои ќе бидат дел
од осминафиналето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани