Манчестер
јунајтед и официјално потврди, левиот бек Лук Шо потпиша нов, петгодишен
договор со што и дефинитивно се стави крај на сите дилеми околу неговата иднина
на Олд Трафорд.
„Сакам сите да
знаат дека ќе го дадам максимумот од себе за да донесам успех во годините кои
доаѓаат“ рече Шо откако стави потпис на договорот кој го обврзува на верност со
Манчестер јунајтед до 2023. година.
23 годишниот Шо
се соочуваше со големи проблеми кои пред се’ се должеа на неговите чести повреди, а за момент
се постави и прашањето за неговиот однос со Жозе Мурињо, но во новата сезона
доби шанса и истата ја искористи, со што доби една значајна улога во тимот на
португалскиот стратег кој се одзва со коментар по неговиот нов договор.
„Воодушевен сум
дека задржавме доста талентиран млад англиски фудбалер со голема иднина пред
него“ беше коментарот на Мурињо откако веста ја објави самиот клуб.
Засега финансиски
детали од договорот официјално нема, но, претходните најави за договорот кои ги
пренесоа дел од медиумите на Островот, велеа дека Шо со новиот договор ќе
заработува околу 190.000 фунти неделно.