203
Бекам имаше големо влијание на популаризацијата на фудбалот во САД. Лос Анџелес Галакси пред неколку години му крена статуа поради придонесот кој го имаше за овој тим.
А сега од клубот на статуата на Бекам ставија и заштитна маска со логото на ЛА Галакси. Со овој потег сакаат да ги мотивираат граѓаните да ги почитуваат мерките на власта против коронавирусот.
Во Лос Анџелес досега има повеќе од 35.000 случаи на коронавирус, од кои 1.709 починаа.
— LA Galaxy (@LAGalaxy) May 14, 2020