Шкендија вечерва од 20:00 часот на Арената „Тодор Проески“ го пречекува словенечки Браво во реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.
Тетовци ќе бркаат негатива од 2-1 од првиот натпревар одигран во Словенија, а тренерите Артим Положани и Алеш Арчон ги одредија почетните единаесетмина. Во однос на првиот меч има неколку измени и тоа Мелиќи доби предност пред Фетаи, Спахиу и Тамба се од првата минута на сметка на Красниќи и Крстевски.
Шкендија (4-2-3-1): Амзаи; Димовски, Меличи, Ислами, Трумчи; Рафа, Зејнулаи; Криезиу, Спахиу, Тамба; Ндзенгуе.
Браво: Розман, Брунхофер, Халилу, Нзузи, Омореги, Симониќ, Нухановиќ, Јован, Аринзе, Копатин, Станковиќ.
Победникот од овој двомеч ќе обезбеди пласман во третото квалификациско коло од Конференциската лига.