Интер влезе во
одлична серија од шест победи во низа во сите конкуренции, тимот од Милано го
подобри впечатокот од лошиот старт во новата сезона, а поранешниот фудбалер на
Нероаѕурите, Дејан Станковиќ вели дека очекувал такво нешто.
„Ова е добра
низа, ја очекував порано или подоцна, ова е одличен состав кој се развива во
својата игра од натпревар во натпревар, фудбалерите излегоа посилни од многуте
потешкотии на почетокот“ вели Станковиќ кој притоа ја коментираше и битката за
титулата во Серија А, за него нема дилеми, доминацијата на Старата дама ќе
продолжи.
„Скудетото? Јас
сум реален, Јувентус игра во некоја друга лига, а сите останати се борат за
второто место“ додаде тој.
Идниот викенд се
игра големото дерби на Милано каде ќе се судрат градските ривали Интер и Милан,
поранешниот српски фудбалер очекува добар меч, со оглед на тоа што Милан веќе
се разбудил, барем според неговите зборови.
„Таквите
натпревари се уникатни, навистина не би можел да дадам очекувања за тоа што би
се случило. Ќе биде еден добар натпревар, бидејќи Милан веќе се разбуди, се
надевам дека Интер ќе победи, но, едно е сигурно, тоа ќе биде тежок меч“
заклучи Србинот.