Гол-шоуто на
Комерцбанк Арена започна во 20. минута кога со помош на ВАР судијата покажа на
белата точка а Алер донесе водство од 1-0.
Потоа на сцена
стапи српската врска во Франкфурт, Гачиновиќ и Костиќ имаа двојно проигрување а
убавата акција со мајсторски волеј ја заврши Јовиќ за 2-0 во 26. минута.
Во 34. минута,
Јовиќ од врвот на шеснаесетникот погоди за 3-0 и најави тешка вечер за
гостите од Дизелдорф. Алер зголеми на 4-0 во 50. минута, а 180 секунди подоцна
Лукебакио постигна почесен гол за Фортуна.
За новиот гол не
се чекаше многу, Јовиќ во 55. минута стигна до хет-трик, а истиот играч потоа
уште два пати стрелаше прецизно за испишување на историја. Србинот стана
најмладиот фудбалер кој постигнал пет гола на меч во Бундеслигата.