Средба помеѓу Интер и Икарди, излегоа првите детали од состанокот

by
2 минути читање

Аргентинецот нема
одиграно ниту една минута откако на средината од февруари беше разрешен од
должноста капитен. Тој веднаш се пожали на болки во коленото и се заканува дека ќе биде надвор од тимот се додека не му се врати лентата. Се говори дека тој дури размислува да
оди и на операција, и ова практично ќе значи крај на сезоната а веројатно и крај
на кариерата на Џузепе Меаца.

Во обид да се
смират страстите, генералниот директор на Интер, Бебе Марота денеска имал
средба со Мауро Икарди и неговата сопруга Ванда Нара.

Слично како и при
одлуката да му се одземе капитенската лента, „нероаѕурите“ издадоа штуро
соопштение во кое само се вели: „Бепе Марота имаше искрен состанок со Мауро
Икарди и Ванда Нара во обид да се најде решене кои ќе ги задоволи интересите на
сите инволвирани страни“.

Па за повеќе
детали од состанокот требаше да се дознава преку медиумите. Новинарот Џанлука
Ди Марцио пренесе дека средбата донела мал прогрес, со оглед на тоа дека двете
страни цврсто стојат на своите првични позиции.

Интер нема намера
да му ја врати лентата на Мауро Икарди и Самир Хандановиќ останува капитен,
додека пак играчот и неговата сопруга/агент продолжуваат да инсистираат дека
тие не сториле ништо погрешно и одлуката е неоправдана.

На состанокот не
се разговарало за иднината, односно продолжување на договорот или разделба по крајот на
сезоната, туку да се разјаснат одредени работи поради кои е дојдено до оваа
ситуација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани