Србија треба да е среќна што немаше ВАР, Роналдо даде гол во 93. минута за победа, но не му го признаа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Португалија имаше фантастично прво полуврреме, со два гола на Жота имаше предност од 2-0 во Белград, но работите се променија во вториот дел.

Србија заигра многу подобро, Митровиќ со самиот почеток на вториот дел намали на 2-1, а по една убава акција Костиќ во 60. минута го изедначи резултатот.

Во судиското продолжение имаше контроверзен момент кој потсети колку е важна видео технологијата. Роналдо шутна, топката ја помина гол линијата со целиот обем, но судиите не го видоа тоа, резултатот остана 2-2.

Во другите мечеви Чешка и Белгија одиграа 1-1, Словачка киксираше откако одигра 2-2 дома против Малта, уште полошо помина Ирскак која на свој терен со 1-0 загуби од Луксембург.

Турција блесна уште еднаш откако со 3-0 победи во Норвешка, Холандија со 2-0 ја совлада Летонија, Хрватска со 1-0 беше подобра од Кипар, Белорусија со 4-2 ја победи Естонија.

Црна Гора со 4-1 беше подобра од Гибралтар, а Русија со 2-1 славеше над Словенија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани