Србија ќе има голема корист од одлуката на Премиерлигашите да не ги пуштат играчите од земјите во црвената листа

by
1 минути читање

ФИФА им дозволи на клубовите во услови на пандемија на ковид-19 тие да одлучуваат дали ќе ги пуштат фудбалерите да играат за репрезентациите или не.

Ваквата дозвола ќе ја искористат Манчестер јунајтед и Ливерпул, а веројатно и останатите клубови од Премиерлигата.

Проблемот се правилата во Англија за земјите од црвената листа, кој ќе пристигне од тие земји ќе мора прво да заминат 10 дена во карантин, а тоа значи дека фудбалерите при евентуален настап за репрезентациите би пропуштиле натпревари од Премиерлигата.

Од европските земји единствена на таа листа е Португалија, огромен дел од составот на Португалците го сочинуваат играчи од Премиерлигата.

Португалија на 24. март го пречекува Азербејџан, три дена подоцна гостува кај Србија, па на 30. март игра кај Луксембург.

Доколу Премиерлигашите останат на ставот да не ги пуштат своите фудбалери кои се клучни и во нивните тимови, тогаш Србија ќе се соочи со значително ослабена Португалија.

Португалски репрезентативци кои играат во Премиерлигата се: Руи Патрисио, Нелсон Семедо, Рубен Диаш, Жоао Кансело, Жоао Мутињо, Бернардо Силва, Бруно Фернандеш, Рубен Невес, Педро Нето и Диого Жота.

Црвената листа на земји од кои луѓето мора да одат во карантин кога ќе влезат во Велика Британија, можете да ја погледнете ТУКА. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани