Во третото коло од Лига Ц во Лигата на Нации, се сретнаа Црна Гора и Србија, ова беше првиот меѓусебен фудбалски дуел меѓу двата соседи.
Србите ја оправдаа фаворитската улога и со два гола на Александар Митровиќ, по еден во двете полувремиња ја совладаа Црна Гора.
Во истата група се одигра и дуелот меѓу Литванија и Романија кој го добија гостите со 2-1. Романците водеа од првиот дел, домаќините успеаа да изедначат во 90. минута, но во судиското продолжение гостите дојдоа до победата.
Во Лига Ц се играше и дуелот меѓу Израел и Шкотска кој го добија домаќините со 2-1 со пресврт во второто полувреме.
Во највисокиот ранг, во Лига А, Португалија со 3-2 славеше на гостувањето кај Полска.
Во Лига Д, Косово со 3-1 ја победи Малта, Азербејџан со 3-0 славеше на гостувањето кај Фарски Острови.