Срамно однесување на Нотингем: Тренерот кој им донесе опстанок добил отказ со мејл во 23:58 часот!

by bojan
1 минути читање

Неколку извори од „островото“ објавија дека Нотингем Форест се разделил со тренерот Витор Переира и покрај тоа што Португалецот им донесе опстанок.

Популарните „шумари“ минатата сезона сменија неколку тренери, почнаа со Нуно Еспирто Санто, па пристигна Анге Постекоглу, кој издржа само месец дена и беше наследен од Шон Дајч.

Резултатите не се подобрија, на Нотингем Форест му се закануваше испаѓање, па во февруари случи нова рокада, на клупата седна Витор Переира.

Португалецот за брзо време го стабилизираше тимот и успеа да обезбеди опстанок, а како награда за ова, сега доби отказ!

Како што пренесуваат неколку извори, Нотингем Форест решил да се раздели со португалскиот стратег.

Особено е срамен начинот на кој е прекината соработката, Нотингем Форест имал клаузула според која до 30. јуни можел да го разреши Витор Переира, па вчера во 23:58 часот до стратегот бил испратен мејл со кој бил известен за разделбата.

Се говори дека „шумарите“ веќе го имаат одбрано новиот тренер и на клупата ќе седне Оливер Глазнер.

ФОТО: X/Nottingham Forest

Можно е и ова да ти се допаѓа

×