Спортмедијасет: Јувентус ќе го продава Роналдо, за услугите на ЦР7 бара 60 милиони евра

by
1 минути читање

По елиминацијата на Јувентус од Порто во Лигата на шампионите, иднината на Кристијано Роналдо е една од топ темите.

Според пишувањата на Спортмедијасет, Јувентус ќе го стави Кристијано Роналдо на продажба. „Старата дама“ се решава на еден ваков потег бидејќи бруто платат на Португалецот ги чини преку 54 милиони евра годишно, сума која им преставува голем проблем во моментов поради ковид-19 кризата.

Извештајот додава дека „бјанконерите“ ќе бараат 60 милиони евра за услугите на ЦР7 а ПСЖ се посочува како потенцијална дестинација. Како опција е и Манчестер јунајтед, со кого би се разговарало за трампа со Пол Погба.

И Тутоспорт пишува дека има многу прашалници за иднината на Кристијано Роналдо во Торино, а новинарот Фабрицио Романо вели дека реководството на Јувентус наскоро ќе седне на маса со Кристијано Роналдо и ќе се разговара за можноста соработката да заврши една година порано.

Газета дело Спорт исто така пишува за заминување на Кристијано Роналдо но додава дека самиот напаѓач би можел да инсистира на останување бидејќи тешко дека ќе најде друг клуб кој ќе му даде нето плата од 30 милиони евра.

Весникот додава дека без Роналдо во тимот, Јувентус ќе има многу повеќе ресурси при настапот на трансер пазарот, но никој не се осмелува да каже дека ЦР7 е товар. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани