Спортмедиасет: Газидис и Малдини го одбраа наследникот на Гатузо

by
1 минути читање

„Росонерите“ се
во потрага на нов тренер откако синоќа се разделија со Џенаро Гатузо. Според
Спортмедиасет, прв избор на Милан е Симоне Инзаги.

Предводникот на
Лацио билo името што се издвоило од другите на средбите помеѓу генералниот
извршен директор Иван Газидис и директорот Паоло Малдини. Лидерите на Милан
сега ќе треба да седнат на маса со Клаудио Лотито, човек со кого тешко се
преговара.

Претседателот на
Лацио минатата недела во три наврати се сретна со Симоне Инзаги и не договорија
ништо, ниту за можна разделба, ниту пак за можноста да биде продолжена
соработката. Но до сега тој немал конкретна понуда и само се пишуваше дека е еден од кандидатите за кормилото на Јувентус.

Спортмедиасет додава дека Милан е подготвен на стратегот да му понуди тригодишен договор и
плата од 2,5 милиони евра по сезона.

Се очекува
следната недела да се има појасна ситуација, а во случај Симоне Инзаги да биде
недостапен, „росонерите“ го имаат Марко Џампаоло како план Б.

Во меѓувреме, новинарот на
Спортиталиа, Алфредо Педула пак вели дека Марко Џампаоло е првата желба на
Паоло Малдини и доколку легендата на Милан ја прифати понудата на Иван Газидис за
нова функција и поголеми овластувања, еден од првите чекори ќе му биде да го
донесе тренерот на Сампдорија на Сан Сиро.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани