Спортинг трие раце поради добрата форма на Бруно Фернандеш, им се смешка нов бонус од 5 милиони евра

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед во јануари 2020 го купи Бруно Фернандеш за почетна сума од 55 милиони евра (46,6 милиони фунти).

Во зделката беа вметнати серија на клаузули, од кои две веќе се активирани. „Лавовите“ добија 5 милиони евра кога фудбалерот од средниот ред одигра 25 натпревари за „ѓаволите“ и додатни 5 милиони евра за обезбедениот настап во Лигата на шампионите.

Медиумите од Англија сега пренесуваат дека на Спортинг му се смешка нов бонус од 5 милиони евра. Оваа сума на пари ќе биде исплатена доколку Португалецот биде прогласен за Играч на сезоната во Премиерлигата во изборот на фудбалерите.

Во моментов Бруно Фернандеш е прв фаворит за наградата според обложувалниците. Тој зад своето име има 15 погодоци и 10 асистенции, и два пати ја понесе наградата играч на месецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани