Според Зидан не постои никаков проблем од контроверзниот разговор помеѓу Бензема и Менди

by
1 минути читање

Предводникот на
мадридски Реал, Зинедин Зидан инсистира на тоа дека не постои никаков проблем
помеѓу Карим Бензема и Винисиус Жуниор, а ова доаѓа откако францускиот напаѓач
беше уловен од камерите во една доста контроверзна ситуација.

За време на
паузата во ремито против Борусија Менхенгладбах во Лигата на шампионите,
Бензема го советуваше Ферланд Менди да не проигрува со Винисиус, од причина што
Бразилецот играл против Реал Мадрид, а Зидан оставил на фудбалерите да го решат
сето тоа меѓусебно.

Најважното нешто
во моментов е фактот што ситуацијата е разјаснета, а фудбалерите меѓусебно го
решија сево ова
“ вели Зидан.

Многу зборови
можат да се кажат на теренот, меѓутоа сето тоа останува таму, на крајот, добро
е што се случуваат вакви работи, бидејќи сето тоа дава значење дека сме живи во
моментот
“ додаде Французинот.

Тие зборуваат,
комуницираат меѓусебно, а овие работи постојано се случуваат на терените,
секаде, работите понекогаш знаат да излезат и од контрола
“ заклучи Зидан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани