„Шпигел“: Фудбалерите во Германија со маски на натпреварите, пауза на секои 15 минути за нивна промена

by
3 минути читање

Германската „Бундеслига“
би можела да биде првото елитно фудбалско натпреварување во Европа кое би
продолжило во периодов на кризата со коронавирусот, а медиумите веќе известија
за оваа намера од таму.

Тамошните медиуми
првично известија за планот со кој би биле потребни 25,000 тестови за
коронавирусот, а фудбалерите би биле тестирани еднаш неделно, проект што би
чинел околу два ипол милиони евра, дополнително, на мечевите од првата дивизија
би имало максимум 322 лица, за втората дозволено би било присуство на 270.

Германците кројат планови како да продолжат, 25,000 тестови за Ковид-19, фудбалерите еднаш неделно на „скенирање“

Како и да е, „Шпигел“
базирајќи се на документи кои протекле од германското министерство за здравство во
кое се наведува конкретниот план, објави дека фудбалерите
би можеле да носат заштитни маски за време на натпреварите.

Дополнително, се
верува дека натпреварите би можеле да бидат стопирани во случај да дојде до
опаѓање на маските од лицата на фудбалерите, а фудбалерите нема да смеат да ги
допираат маските со своите раце во текот на натпреварите, наведува „Шпигел“.

Според
документите, исто така се наведува дека фудбалерите и останатите службени лица
ќе треба да носат соодветна спортска опрема и за заштита на устата и носот,
која не треба да се одлизнува за време на спринтови, стартови, дуели и слични
ситуации.

Наводно планот е натпреварите
да бидат паузирани на секои 15 минути игра за да се заменат маските поради
зголемениот волумен на дишење што би ги направиле многу повеќе неупотребливи од
вообичаеното, поради големото темпо на активности во текот на натпреварите.

Во однос на
замената на маските во текот на натпреварите, секој фдудбалер поединечно ќе
треба да биде на социјална дистанца од 1,5 метар, а од документите наводно
произлегува и едно правило во кое нема да бидат дозволени непотребни контакти
помеѓу фудбалерите, во случаи при постигнување на гол или расправија околу
некоја одлука, при што судиите ќе имаат одврзани раце.

Листата на барања
од министерството за здравство на Германија кога се работи за продолжување на „Бундеслигата“
остануваат приоритетно решение за тамошниот фудбалски шампионат кој според
најавите би требало да продолжи на 9. мај.

Кога сме кај „Бундеслигата“,
ќе завршиме со тоа дека постои голема неизвесност во горниот дел од табелата, но
и во долниот, па така лидерот и актуелен првак Баерн Минхен (55) има само
четири бода предност во однос на второпласираниот Борусија Дортмунд (51), а пет
во однос на Лајпциг (50), секако, не би се исклучила ниту Борусија
Менхенгладбах (49).

Што се однесува
до долниот дел од табелата, ниту таму не е ништо посебно решено, како за
пример, Фортуна Дизелдорф (22) која е на позиција (16) која води до плеј-оф за
опстанок е оддалечена само осум бода од Униот Берлин (30), а оваа екипа е на
11. позиција на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани